Обелиск Корп е претпријатие кое работи на територијата на Република Македонија во областа на месната индустрија. Веќе 20 години наназад Обелиск Корп се развива во успешна компанија која нуди високо квалитетни производи и услуги за своите клиенти. На самиот почеток на своето постоење, претпријатието Обелиск Корп беше активно во повеќе полиња, но во последите 10 год. се занимаваше пред сè со увоз на месни производи во алуминиумска фолија и лименки од различни производители од Србија.Последниот исчекор на претпријатието е инвестицијата во сопствен производствен погон за паштети и месни нарезоци. Производствениот процес е организиран според сите стандарди на НАССАР системот за производство на стерилизирани производи во алуминиумска фолија и лименки. Резултатот на оваа инвестиција е брендот паштети Кралска со исклучителен квалитет комбиниран со богата арома и вкус. Претпријатието Обелиск Корп ја следи политиката на квалитет, ефикасност и задоволување на потребите на своите клиенти уште од почетокот на своето постоење. Претпријатието е отворено за соработка во секое време.

Адреса и Контакт:

ул. ”Криви Дол” бб 1000 Скопје

Tel: 02/3097-175

FAX: 02/3097-023